Календар
следи ме на фејсбук
последни коментари
Поминаа 4 години
мај 21st, 2012 by РубинЈованоски
Поминаа моите години во средно. Ај мајку му некако брзо дојдоја и заминаја. Памтам како вчера да беше кога дојдов во средно. А кога дојдов како изгубен германец сред шума бев . Дете дојденои од еден град во друг каде не познава многу луѓе, не го познава доволно градот за да може слободно да се движи. Битола сепа кнее лондон со милиони жители со големи улици но сепак моетот познавање на Битола пред 4 години беше еднакво на толкава 0 колку споменико на Филип двојката во Битола. А сега шо да кажам. В о овие 4 години ја научив Битола како десниот џеб. Сеуште имама нешто потешкотии со Бајро ама сепак ке се снајдам ..
Туку не ми беше муабет о да пишувам за тоа.
Сакав да пишувам за Средното. Четири години ми поминаја. Заврши оној живот со бегање од часови, бегање од тестови, преишување, пиење позади кулата пред Техничко. Заврши се. Крај.
Дружењето ке остани со истите луѓе со кои овие четири години заедно јадевме, заедно пиевме, заедно повраќавме (ова се дешаваше многу често ..
) уште само шо заедно не спиевме…
Поиминавме години кои никогаш нема да се заборават. Запознавме личности кои засекогаш ке останат со нас. Доживеавме работи кои ни на крај памет немаше да помислиме дека некогаш во живото ке го искусиме тоа.
Заедно поминавме години исполнети со радост, со нервози , со среќа ….
За крај на сето тоа ни остана уште само една вечер да функционираме како клас и да бидиме за последен пат соученици.
Вечер е нашата најдобра и последна ноќ..
Се најдобро дечки и никогаш неам да ве заборавам …
Е па ај некание со среќа Матурата и вечер да си поминиме сите најубо …
Posted in Некатегоризирано | | | 4 коментари
Заспано општество
мај 15th, 2012 by РубинЈованоски
Хибернација или зимски сон е состојба на успорување на метаболизмот и ниска телесна температура кај одредени животни. Посебно кај мечките.Ладнокрвните животни мораат да хибернираат таму каде што надворешната температура се спушта под точка на смрзнување.
Мечките се најпознат животински претавник кој зимата ја поминува во зимски сон. Мечката целата зима ја поминува во некоја дупка, сокриена од снегот и ниските температури. За време на овој зимски сон мечката воопшто не станува, не јаде и не ја напушта дупката. Баш како и македонскиот народ на кој зимскиот сон не му трае неколку месеци туку повеќе од 30,40 години а последните 20 народот е во таков зимски сон што мали се шансите да се разбуди некогаш.
Одамна зборувам дека македонскиот народ е специфичен по многу работи и голем дел од тие работи сум ги споменал но не сум азборувал за зимскиот сон на македонец. Во последните 20 години овој наш мачен и напатен народ се наоѓаше и сеуште се наоѓа во длабок зимски сон. Во тие 20 години од време на време само ке поткренеше глава и тоа беше тоа. Толку од раздвиженоста. И пак продолжуваше да спие. Во последната година младината во Макеоднија како да пробува да се разбуди од сонот, но штом покажи било какви знаци на живот веднаш добива шамар од постарите ” Мечки ” и од владетелите на системот. Се прашувам зошто? Дали на некој му е страв дека таа напредна младина ке биде слободноумна и ке биде тешка за контролирање? Дали таа младина ке воведи некој нов концепт што ке биде погубен за сегашните владетели на системот? И така со заплашување на младината губи било каквата желба за будење од сонот. Се губи било каквата желба за напредок.
Не знам која е причината за ваквиот нашиот сон и не знам шо би требало да се случи за да се разбудиме но се надевам дека македонскиот народ е уствари заспаната убавица која го чека својот принц за да ја разбуди. При толку чекање на принцот кој ке не разбуди се плашам да не дојди само некој коњ па да останиме уште едно 20 години во длабок сон.
Posted in Некатегоризирано | | | 0 Comments
1 година како блогер
мај 8th, 2012 by РубинЈованоски
Пред точно една година решив да почнам да пишувам на блог. Разочаран од се она што секој дневно го гледав покрај мене решив да побарам некое место кај шо ке можам да пишувам шо сакам и да го кажам моето мислење. И го најдов. Блог.мк беше в истинскиото место.
на почетокот почнав со блогзавистината.блог.мк но само после месец дена на некого не му одговараше тоа шо го пишував па мораше да ги контактира сините другарчиања со сини капчиња и да ме запрат во пишувањето.
И Бидна.другарчињата со сини капчиња ми го исзбришаја блогот, никој не можеше да пристапи до него освен јас со администраторскиот пасворд. Повод за бришење беше мојот текст со објавен аудио материјал каде латас го нарекува груевски дека е педер.. Е друговите Милицајци ми го збришаја блогот и потоа ме известија на фесјбук од лажни профили да не пишувам повеќе.. и не пишував цела недела…
Потоа се Роди Блогот на шакалот, односно овој сегашниот на кој продолжив да пишувам за се шо се случуваше во Македонија иза теми шо ми беа барем на мене интересни ..
…
На крај сумирано се на се ова беше доста интересна година, запознав, барем виртуелно, добар дел на блогери, научив да пишувам подобро следејќи го постарите и поискусни блогери …
Па добро е иако после цела година блогерајот е во иста катастрофална состојба како пред една година …..
Ај нека ми е среќен првиот блогерски роденден ……
Posted in Некатегоризирано | | | 20 коментари
Реакција на колумната – Пирати
мај 4th, 2012 by РубинЈованоски
Во колумната Пирати на порталот мкд.мк ,Ристо Апостолов , член на групата Водолија пишува дека секое нешто независно дали е опипливо или неопипливо важат истите правила и закони.
Ако толку сте сигурни во ова што го тврдите тогаш имам една мала задача за вас.
Ова погоре е една банконата од 100 евра која конвертирана во македонски денари има вредност од окулу 6100 денари. Сумата не е воопшто лошо со оглед на тоа дека голем број на луѓе во нашата држава поминуваат цел месец со оваа сума на пари иако знам дека вашите хонорари се многу поголеми од ова.
Банкнотата во овој случај е неопиплива, односно можете само да ја видите на мониторот, но не можете да ја почувствувате во вашите раце или во вашиот паричник, но според вас независно дали е опиплива или не си има своја вредност. Вредноста на оваа банкнота ви ја споменав погоре.
Е сега мојот предлог за вас гласи : со овие 100 евра ви плаќам да дојдите да ми ги средите сите овие купишта хартија што ми се наоѓаат по фиоките и на бирото. Не е нешто тешка работата и може да ви одземе кратко време , но не заборавајте дека за тоа ке добиете 100 евра.Понудата е повеќе од великодушна иако знам дека еден ваш хонорар е далеку поголем од ова, но сметајте дека ова ке ви бидат најбрзи најлесно заработени пари во животот. Всушност го повикувам секој оној што се согласува со Ристо да повели да ја прифати понудата.
Друго шо сакам да кажам е тоа што велите дека ако немало пиратерија ке се отвореле повеќе работни места, киносалите ке биле отворени, ке никнеле нови продавници за ЦД и слично. На ова само ке кажам и бабами да беше машка ке ја викав дедо. Ве молам да ми дефинирате што подразбирате под пиратерија. Дали сте слушнале за правото на фер користење? е ако не тогаш да ви објаснам шо значи тоа. Правото на фер користење подразбира слободно даунлодирање на софтвер но забрана за комерцијална употреба.Тоа значи дека јас ке можам слободно да спуштам некоја песна од Водолија но да немам право да ја продавам. Јас ке ја имам песната, ке можам слободно да ја слушам во домашни услови но сепак доколку некој сака да ја искористи песната за некаква реклама да речеме, ке мора да се обрати до вас или до членовите на групата.
Кога спомнавте купување на оригинални ЦД ми дојде една мисла. Јас ке ја прифатам вашата сугестија и ке купам ЦД од вашата група водолија и ке платам 100 или 200 денари независно од цената и ке го имам во физичка форма ЦД.Ке можам да го допрам. Во тој момент јас ке побарам од вас да ми платите за тоа што ве рекламирам. Јас кога ке го пуштам ЦД пред другари дома, јас на некој начин ве рекламирам вас и вашата група. Јас сум го купил ЦД и тоа претставува моја сопственост но вие ке мора да ми платите зашто јас ве рекламирам. Истото ке треба да го направите со сите телевизии и радио станици што ке ја пуштаат вашата музика.Замислете колку би требало да платите за беспалтните реклами шо ви ги прават. Во моментов јас ја слушам вашата песна Сеќавања на јутјуб. Замислет дека треба и нив да им платите..
И за крај да ви кажам дека ако украдите нешто од продавница тоа повеќе не постои таму и затоа сте добиле кривична пријава, додека ако јас спуштам ваша песна од интернет таа сеуште постои таму, јас едноставно сум направил кпија а оригиналот сеуште постои. Ова сфатете го преку овој пример: Доколку јас видам вие каков велосипед имате и јас дома си направам копија, и јас ке имам велосипед и вие ке си го задржите велосипедот. Јас не сум украл ништо само сум копирал.
Размислет за вашите ставови окулу пиратеријата изнам дека како музичар може ви пречи тоа што некој без да платил ја слуша вашата музика но размислте дека ако на некој м усе допаќа она што вие го правите со сет осрце ке плати карта и ке дојде д аве гледа на некој ваш концерт. Така на некој начин ке плати за она беспалтно слушање.
Живела Пиратерија и слободниот интернет !!!
Само да напомен дека немам ништо против г-дин Ристо Апостолов и групата Водолија, напротив јас сум нивни обожавател и им посакувам успех на музичката сцена во македонија и надвор од неа. Ова е текст инспириран од неговата колумна Пирати на веб порталот МКД.мк
http://www.mkd.mk/29132/kolumni/pirati/ линк од колумната
Posted in Некатегоризирано, интернет, колумни | | | 7 коментари
Пиратска партија во Македонија.
април 30th, 2012 by РубинЈованоски
Идеата за формирање на Пиратска партија во Македонија не баш нова, и за неа се зборува веќе долго време но сеуште никој нема покренато иницијатива за нејзино формирање. Деновиве бевме сведоци на формирање на пиратски апртии во Југоисточна европа, и на формирање на такви партии во Србија и во Хрватска а од пред неколку години такви Пиратски партии веќе имаат Бугарија и Грција.
Првата Пиратска партија е формираан во Шведска на 1 јануари 2006 година од Rickard Falkvinge а потоа во следниот период пиратските партии започнаа да се раѓаат како печурки скоро низ целат европа. Почнуваќи од Шведска, Пиратски партии се појавија ив оГерманија , Австрија, Белгија, Франција, Обединетот Кралство и многу други држави …
Она што овие пиратски партии го прави поразлични од другите е тоа што нивни цели се Транспарентност, демократски донесени одлуки, и слобода на користењето на податоците од интернет.Во овој период голем број од пиратските партии имаат преставници во националните парламенти и некои имаат свои преставници и во европскиот парламент.
Формирањето на една Пиратска Партија во Македонија може значително да помогне во борбата за слободен интернет и во борбата против донесувањето на закони за интернет -цензура во нашата држава. Пример за тоа беше борбата против АКТА во Македонија. Поради непостоењето на институција или било каква организација која би се занимавала со таквата борба, ние интернет корисниците бевме приморани самите да изнаоѓаме начини како да ги алармираме граѓаните во Р.Македонија за таквите интернет закони. Поради немањето на сериозна институција нашата влада ги избегна нашите напади за да го спречиме потпишувањето на АКТА со изговор дека остануваат оффлајн додека можат.Ова беше нивниот изговор зашто ние како група интернет корисници неможевме да извршиме било каков притисок врз владата.
Сметам дека формирањето на Пиратска партија во Макеоднија може да донесе само корист а никако штета. Потребна ние некаква организација која ке се грижи за интернет просторот во Македонија и која ке се грижи за заштитата на личните податоци.
Posted in Некатегоризирано | | | 11 коментари
Појаки сме од Монти Пајтон..
април 29th, 2012 by РубинЈованоски
Кој и да е, каде и да ке и шо сака нека вели ама да си знајте дека сме појаки од Монти Пајтон и тоа едно 102.3 проценти.
Прво ставаме бродови односно сплаови или како ида се викаат за туристи во река која наместо риби пливаат гомна.И тоа вистински а не оние кинески срања..Башка оние шо ке седат на тие бродови ке имаат единствена прилика да го осетат мирисот на Скопската канализација…
Потоа наместо како сите нормални луѓе на оваа планета наместо дрвата да ги садиме во паркови или во шуми ние дрвата ги садиме во река. И тоа во истата погоре спомената река. Мислам дека тие дрва ке бидат предизвик за секое куче во Скопје за да ги измоча и по тоа ке се знае кој ке ги има кучките во градот. Значи во Скопје за да бидиш главно куче ке треаб да ги имаш помочано врбите на сред река.
Трето шо го прајме е тоа што прајме копии на оригинали кои се распаѓаат заради негрижа. Трошиме огромни пари за изградба на копии а со тие пари можеме да ги оддруваме оригиналите уште минимум 100 години. И сето тоа за привлекување на туристи. И шо ке му кажиме на некој турист кој ке сака да види оригинална архитектура? Лепо фино ке му кажеме батали оригиналот, тој пропадна, глеј тука шо уба копија си имаме…
Очигледно е дека наместо мозок некој ни турил брашно во главата.
Мислам FUCK LOGIC !!!!
И ај сега некој нека реч идека Монти Пајтон е појак од нас ?
Posted in Некатегоризирано | | | 5 коментари
Соопштение за трите врби
април 28th, 2012 by РубинЈованоски
Вечерва во 22 часот после завршувањето на седницата на владата која беше затворена за камери на која се разговараше за Проект Скопје 2014 , портпаролот на владата г-дин Продаденоски излезе со соопштение во кое се вели :
- Како влада на РМ, после сите оние шпекулации во јавноста за цената на трите врби, должни сме да и дадеме објаснување на јавноста за цената. Имена трите врби се купени на аукција која почна со почетна цена од само 150 денари. Како што поминуваше аукцијата на крај останај самo две страни во игра. Ние, како влада на РМ и двајца партнери инаку овчари од мариовскиот крај. Сепак после долга и измачувачка повеќе од 12 часовна борба, владат на Рм ги откупи трите врби по цена од 250 00о евра, што и не е така лоша цена зашто знаеме дека од врбите се прават добри свирчиња.
Тука владата не заборави да се пофали дека двајцата овчари всушност онлајн наддавале за врбите .
-Модернизирањето на сточарите и нивното поврзување со интернет беше еден од главните проблеми на оваа влада во почетокот на нејзиното работење и еве како шо може да видите има и добри резултати. – изјави Премитер на РМ.
Џакал блог успеа преку фејсбук да контактира со двајцата овчари кои рекоја дека им е жал шо не ги купиле врбите, и ни се пожалија дека имаат проблеми со извозот на јагниња и дека немаат храна за стоката. Но тие се задоволни зашто имаат компјутер и интернет и се поврзани со други сточари од светот .
За Џакал блог од Мариово
Шика Пиштолова- Калашникова
Posted in Некатегоризирано | | | 8 коментари
Секое чудо за три дена
април 28th, 2012 by РубинЈованоски
Како шо вика и народна мисла секое чудо за три дена тоа уште еднаш се потврдува во нашава жална држава. Поминаа 2 недели од петкратното убиство во Смилковци. 2 недели и сеуште нема никакви информации кои се извршителите, од каде се, кој го нарачал убиството и сл. Колку за да го сфатите ова што го пишувам, направете една споредба со бројот на информации кои ги имаше во медиумите, без разлика електронски, печатени или слично, во првите 4-5 дена и бројот на информации што ги има деновиве во истите тие медимуми.
Разликата е огромна. Првите неколку дена бевме преплавени со информации од кои голем дел беа обични шпекулации во кои се поминаја речиси сите можни теории на заговор против Македонија.Во последните неколку дена во медиумите имаше една до две информации за убиството..
Туку остај то, сакав да пишувам за протестите шо беа во Скопје и Битола пред се.
Кога беше протестот во Битола намерно не отидов поради неколку причини.
Прво зашто за да имате еден успешен протест треба да имате Причина за протестирање. Причина додуша имаше, ама беше рано за протест.
Второ за да протестот биде успешен треба да имате против кого ке протестирате.Во случајов тоа го немаше. Дел од оние што беа дирекни учесници протестираа против, владата, дел против министерката Јанкуловска а дел против албанците во Македонија.
И трето Не отидов зашто беше рано за протест.Не се знаеше ништо официјално, не се знаше против кого се протестира, едноставно не се знаеше ништо.Апсолутно ништо.
После 2 недели почнувам да чувствувам дека овој случај почнува да се забошотува. 2 недели поминуваат а МВР дава се помалку и помалку информации за случајот во јавноста.Тоа не е за добро на истрагата туку затоа што немаат ништо ново шо да кажат. Сега прочитајте ја повторно третата причина зошто не отидов на протест.
Сега е вистинското време за протести, зашто сега има за шо да се протестира ( недоволното работење на полицијата) има против кого да се протестира, треба да се бара одговорност од министерката Јанкуловска зашто не успеа да ги пронајди убијците.
Случајот со мартин Нешковски беше брзо решен зашто уште од следниот ден после убиството имаше протести и се вршеше притисок врз МВР.
Трите дена поминаја и чудото помина
И за крај да прашам Кај се Патриотите во Македонија?
Ги снема некако или шо е работава? Кај се оние шо кршеа во Скопје ?
Posted in Некатегоризирано | | | 2 коментари
Чудната Македонија …
април 24th, 2012 by РубинЈованоски
Македонците ми се многу интересен народ. Озбилно, мислам таков народ да бараш неma ни на гугл да најдиш, шо би рекле интернет фанатиците. Ова го велам не затоа што сум и јас македонец и тоа горд македонец, туку затоа што и навистина го мислам тоа..
Македонците се интересни зашто живеат во држава каде оние што се невработени најмногу работат. Oва е буквално кажано.. Оние што секој ден може да ги видите пред некоја агенција за вработување се истите оние кои може да ги начекате на некое градилиште или пак било кое друго работно место кое го извршуваат за ситни пари и шо е најбитно на црно. Или пак оние што би требало најмногу да работат за да може се да функционира во држава како шо треба, зборувам за вработените во јавната администрација, се оние баш најмрзливите … или пак јас само така си мислам ….
Друга работа е шо Македонија е богата земја со котлини, езера, клима и слично и е погодна за земјоделие. Иако Македонија има плодна земја сепак тука кај нас најмногу луѓето гладуваат.Секoј ден гледаме луѓе кои се жалат како едвај успеваатда сврзат крај со крај и слично и дека државата им е крива. Па во време и во држава каде искористеноста на земјиштето е на ниско ниво , се делат субвенции за се и сешто, срамота е да се речи дека од земјоделие не се живее. Знам дека не секогаш имате голем профит од земјоделие и знам дека е тешко но сепак од некаде мора да се почни,знам и дека сите наместо да бидат земјоделци би посакале да бидат директори но од некаде мора да се почни. Да не звучам фашистички ама истото го мислам и за оние фамилии, татко мајка и еден куп деца , едно 8-9 или појке деца со 1000 денари социјално шо бараат државата да им помогни некако.Мислам да прашам државата ви ги напрае и ви ги роди децата шо барате помош од неа? ама од друга страна сепак сум така воспитан да помогнам на оние кои имаат помалку од мене и ја оправдувам помошта на државата кон таквите семејства …
Лоша работа кај македонците мие тоа шо се некој трет ни е крив. За шо ида било. Не знам дали е генатски и тоа е така затоа што сме македонци ида бидиме поразлични од другите или пак ние вметнато некако од некои луѓе во некое друго општество. Многумина мислат дека системот е проблемот.Јас мислам дека не е така.Системот е добар само луѓето кои го водат системот се проблем.Истото го мислам и за политиката и велам дека политиката не е курва, туку курви се политичарите. Она шт офали во Македониај е активниот граѓанин.Граѓанин кој ке може да каже во кој било момент дека ова и ова не е во ред и требе да се промени и сет отоа без да биде сватен политички како дел од едните или од другите.. Се додека бројката нактивните граѓанин не стане поголема , се некој трет ке ни биде виновен, се цацко ке биди крив за тоа што немаме праи да си купиме леб, шо немаме каде да работиме за да ја издржуваме фамилијата.
Мисла мдека платон рекол – Луѓето кои се препаметни за да се мешаат со политика се казнувани со тоа да бидат владеени од оние поглупави од нив. Сетете се на мислава следниот момент кога ке почувствувате дека нешто не е воред и вие можете да гопромените ….
Има уште многу работи зошто македонците се интересни ама веќе се уморви од пишување и најверојатно ако не ме мрзи ке следува втор дел …
Posted in Некатегоризирано | | | 0 Comments
Кодоши мои мили …
април 12th, 2012 by РубинЈованоски
Не знам шо е работата со кодошите ама во последно време почнувам да ги осеќам окулу мене.. Озбилно ви кажувам, секој ден почнувам се повеќе и повеќе да чувствувам дека се тука и од некаде следат се шо правам … Не знам која е причината за оваа параноја , можда е то третиот ( не броев точно кој по ред) закон за лустрирање во собранието .. По веќе трет пат лустрирање, никако да се долустрираме.. Де бре си викам , толку ли имало кодоши во државичкава наша ( мала ама сепак вриело од кодоши ) шо ни требаат дури три закони против кодоши. Тоа кодошите да ти биле како комарци, колку појке ги напаѓаш, се бориш против нив, тие се појке и појке се раѓаат. Ај барем против комарците има спрејчина-мејчина, курци палци ама против ова кодошите да се немало некое ефикасно средство против нив..
Да се навратам малку на муабето за законите. Колку и да тропам( количински) и колку и тресам зелени сепак малку е .. Инаку додека мислев шо би пишувал во текстов , цело време ми се повторуваше едно прашање, зошто ни требаат три закони , и непотребно трошење на пари зошто и еднаш не склопиме едно законче , според теркот на некоја друга држава со слично уредување на нашето ( ваљда не сме единствени со се лустрираме) и да си крцкаме по патот.. Дали потребно е толку време за да се средат листите кој е наш а које од ” другите ” ( Dark side) или сепак поинтересно е да се бркаме по собрание и по уставен и да си прајме нати го дај ми го …
Прв пат кога слушнав дека ке не лустрирале ( мене лично не, туку како држава) си помислив е убо , еднаш засекогаш ке видиме кој со кој е. Е арно ама тука се заебав .И јас и сите други се заебаја. Ниту видовме кој со кој бил , ниту ке видиме кака ко шо оди. Друго шо си помислив, после лустрацијата шо ке прајме со толку лустери ( лустрирани) граѓани на нашаат мила државичка.. Па одма ми проработе кликеро за бизнис праење ( па срамота беше да не ми проработи при толку реклами од владата за бизнис) си реков ако имаме толку лустери, дај да им шитниме на комшиите некој лустер. Од тоа ке имаме двојна добивка, прво ке се отарасаме од лустери и второ ке фатиме некое евро… е арна ама никој да ти ги нејќел нашите лустер.. којзнај зошто ..
Туку друго ми беше муабето.. Не мислев да зборам за законите, туку за кодошите шо ги познавам ама је би га сега напишав се шо ми дојде на памет.. Знаете можам до некаде да ги разберам кодошите. Пример имаш дома жена деца, родители и сите чекаат на тебе да донесиш нешто дома ама се нема од каде и се решаваш да го кодошиш пример комшијата. Ок е тоа за мене, се жртвуваш за фамилијата ама не можам да ги разберам оние кодоши шо кодошат за сопствено задоволство, без никаква материјална добивка или добивање на подобра позиција .. Значи стварно не можам да разберам како можат да кодошат за сопствено задоволство. Тоа им доаѓа ваљда како некоја дрога шо им помага да се осеѓаат подобро..
Појма немам како им е зашто не сум таков чоек…. неам таков срце….
ај поздрав.. ме фати мрзата не ми се пишува повеќе ….
Posted in Некатегоризирано | | | 2 коментари
« Previous Entries



